Ванковска: Нема да бидам политичка манекенка во претседателската кампања

Од:

Претседателски кандидат на Левица ќе биде професорката Билјана Ванковска која за да влезе официјално во трката за претседател ќе мора да собере 10.000 потписи.

– Моја прва благодарност оди на партијата Левица која ми ја даде одговорноста и довербата, без оглед за тоа дека станува збор за два циклуси. Јас се чувствувам како дел од тимот иако не сум член на партијата. Мнозина од вас се сеќаваат на времињата кога во јавноста велеа дека „да отвориш фрижидер ќе ја најдеш професорката Ванковска“ затоа што коментирав настани буквално во моменти кога се случуваа и кога другите молчеа.

Сте ме гледале во разни движења иако мојата функција е професорската и таа останува. Пред 10 години се обидов како граѓанин независен кандидат да влезам во оваа постапка да собирам 10.000 потписи без финансиска поддршка и со волонтери повикани на социјалните мрежи. Благодарност до младите луѓе кои ми се придружија и до постарите луѓе кои отидоа да дадат потпис.

По 10 години излегувам на овој политички терен, размислував што е тоа што се промени. Сфатив дека многу нешта се променети. Јас нема да бидам политичка манекенка, не сум случаен минувач, ја сфаќам политиката во поширока смисла и сум сегга со поголема самодоверба. Сега постои еден тим околу мене кој е организиран во политичка партија и јас потписите од овој тим ги имам од пред десет години. Две нишки не побрзуваат со Левица, патриотизмот и левичарската идеологија, социјалната правда.

Си веруваме дека оваа хармонија ќе постои, ќе ги извадиме ракавиците, помина таа политичка коректност. За десет години Македонија е се што немаме, сега сме во многу полоша ситуација од времето кога мислев дека новите ликови во политиката ќе донесат нешто ново, но таа политика дава очајни резултати. Посебно оваа техничка влада која шверцерски сака да протурка закони кои се погубни за економскиот суверенитет на земјата – рече Ванковска по нејзиното објавување на претседателската кандидатура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Оваа шарада на демократија на власта ќе добива се полоши оценки во извештаите на Европската Комисија

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ ни го одби амандманот за проширување или зголемување на додатокот за туѓа нега

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

(ВИДЕО) Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни го одби амандманот за ин-витро ваучери

Горан Наумовски

Левица: Енергетска политика на „варена жаба“ ја турка државата во сиромаштија