Валандово утре ќе гласа за или против рудникот Казандол

Од:

Утре жителите  на Валандово  на референдум ќе се изјаснат дали ќе дозволат да се изгради   рудникот Казандол и за можното отворање на нови рудници на нивната територија.

Валандовчани  ќе гласаат дали се за или против отворање рудници во нивната општина и дали се за или против продолжување со работа на комплексот Казандол каде ќе се врши ископ на руда и производство на катоден бакар.

По неколку месечни опструкции и закани од локалните моќници, граѓанските аквитивисти   беа приморани да собираат потписи за рефрендумско изјаснување.

Тие предупредуваат  дека и сега имаат притисоци за да  не се  излезе в недела на референдум, и да биде тој неуспешен.

Валандовце се плашат за своето земјоделско прозиводство, за смоквите, калинките, јапонските јаболка, грозјето, и затоа се против изградба на рудници.

Граѓаните на Богданци, Дојран и Гевгелија веќе се изјаснија против изградба на новите рудници во овој земјоделски крај.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Добиената арбитража за „Казандол“ е пирова победа

Референдум во Република Српска на 25 октомври

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

Мицкоски: Лага е дека ќе се активира рудникот „Казандол“

Ќе има реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридорот 8, а државата го доби случајот „Казандол“

Горан Наумовски

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО