Вакцините за Ковид-19 ќе пристигнат кај нас во првите два до три месеци од следната година

Од:

Вакцинирањето за Ковид-19 ќе започне во првите два-три месеци од следната година, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Ќе се примаат по две дози, а во 21 ден по втората доза се очекува лицето да се стекне со имунитет.

„Во делот на набавката на вакцините, да повторам дека се веќе се обезбедени 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани преку КОВАКС механизмот. Тоа е механизам на СЗО и глобалната Алијанса за имунизација во која учествуваат сите соседни земји освен членките на ЕУ. Покрај овој механизам веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании Астразенека и Фајзер за нивните вакцини и после нивните иницијални одговори, сега ја чекаме и дефинитивната потврда дека дополнтелна количина ќе можеме да набавиме директно од компаниите“, рече Филипче.

Освен тие вакцини, министерот вели дека ќе биде искористен и механизмот кој го понудија дел од членките на ЕУ.

„Беа договорени 400 милиони дози за граѓаните на ЕУ, а од кои 100 милиони за земјите кои не се членки на Унијата. Иницијална понуда добивме од Полска и од Грција. Освен тоа аплициравме за 800 илјади допоплнителни дози“, рече Филипче.

Фрижидерите на -70 степени кои служат за чување на вакцините се набавени од американска фондација, која министерот не ја именуваше и тие ќе пристигнат на почетокот на јануари.

„Вакцинацијата ќе се врши во постоечките наши капацитети, а тоа се вакциналните пунктови и болниците. Ќе се спроведе еден брз процес на тренинг за вакцинирање, сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени. Веќе имаме соодветна експертиза во делот на здравствените работници кои работат во вакциналните пунктови“, рече Филипче.

Цената на вакцината изнесува 10 долари, но таа за граѓаните ќе биде бесплатна.

Пациенти кои прележале Ковид ќе можат доколку сакаат да се вакцинираат, но сепак ќе постои приоритетна листа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски