Вакцинираниот преку ред секретар зачуден: Сакав да дадам пример, ова е класичен линч врз мене

Од:

„Јас се вакцинирав за да дадам пример како раководство, не се вакцинирав од лична потреба дека сакав да се вакцинирам, мене не ми значи ништо, не сум вознемирен од ковидот. Во цела 2020 година немам земено слободен ден, постојано работам во болницата“, се правда секретарот на Охридската болница Антонио Наумоски откако беше обелоденето дека преку ред се вакцинирал против Ковид-19.

Секретарот во изјава за „А1он“ вели дека на ваков чекор се одлучил затоа што имало вишок на вакцини. Според него некои од лекарите и медицинските сестри не сакале да се вакцинираат, а некои веќе имале антитела бидејќи ја прележале короната.

Наумоски вели дека причина за тоа што тој се вметнал е и што некои и немале средства да патуваат до Скопје за да ја примат вакцината.

„Во делот на вакцината ние добивме одредена бројка на вакцини како Општа болница Охрид и доставуваме барања до сите раководители на одделенија да се произнесат кој од персоналот е заинтересиран за вакцината“, вели сектретарот Наумоски.

Со право сум вакциниран, нема основа да бидам казнет, вели Наумоски, и додава дека е зачуден од вестите за овој случај.

„Ова е класичен линч врз мене“, вели Наумоски.

Според него, оправдано е што се вакцинирал бидејќи како секретар на болницата, постојано присуствувал на состаноците на Кризниот штаб и на контролите од ДСЗИ.

Би можело да ве интересира

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски