За вакцинација на децата од 12 до 16 години ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на во поликлиниката Шуто Оризари каде беше отворен вакцинален пункт.
-Ова мора да биде така, бидејќи она што е важно е дека во една вијала на вакцината на Фајзер има шест дози, што значи дека кога ќе се отвори треба да се вакцинираат шест деца. Затоа е потребно да се направат термини. Пријавувањето ќе биде до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12-до 16 години, рече министерот Филипче.