Вајгл, Ховит и Кукан повикаа на воздржаност и продолжување на политичкиот дијалог

Од:

Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, кои посредуваат меѓу претставници на македонските политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел надминување на политичката криза во земјата, денеска реагираа и на терористичкиот напад што викендов се случи во Куманово.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во нивната заедничка изјава, Вајгл, Кукан и Ховит побараа од македонската јавност да не се дозволи понатамошна ескалација на настаните.

– Длабоко сме загрижени во врска со настаните што се случија во Куманово овој викенд. Ние ги осудуваме сите акти на насилство против јавниот ред и обидите да се дестабилизира ситуацијата во земјата. Ние би сакале да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до семејствата на луѓето кои ги загубија своите животи овој викенд. Овие настани треба да бидат соодветно и транспарентно истражени во согласност со владеењето на правото и ја замолуваме македонската јавност да не се дозволи понатамошна ескалација на тензиите, се посочува во заедничката изјава на европратениците.

Вајгл, Кукан и Ховит, исто така, ги повикаа политичките лидери во земјата “да се однесуваат одговорно и да се воздржат од акции или изјави кои може да ја поткопаат стабилноста на земјата”. Тие уште еднаш повторија и дека сите обвинувања за злоупотреби кои беа објавени во јавноста треба да бидат темелно истражени и оние кои ќе се најдат како одговорни дека треба да бидат повикани на одговорност за своите постапки, со целосно почитување на принципите на транспарентност, непристрасност и пресумпцијата на невиност.

– Ние, исто така, ги повикуваме нашите политички партнери да продолжат со нивните одговорности и да ги забрзаат нивните напори да се вклучат сериозно во политичкиот дијалог на највисоко ниво, со цел да се реши политичката криза во земјата. Ние сме подготвени да продолжиме да ја обезбедуваме нашата поддршка и олеснување на дијалогот што ќе доведе до де-ескалација на политичките тензии и решавање на проблемите во политичкиот систем во Македонија, додаваат искусните европратеници од редовите на Европската народна паритја, Социјалистичката и дмеократска европска партија и на Алијансата на европските либерал-демократи.

Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит за крај додадоа дека “наш заеднички интерес е да ја видиме Македонија да се врати на патеката на евроатлантските интеграции”.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје