В понеделник излегуваат првите амнестирани затвореници

Од:

Првите амнестирани затвореници, се очекува в понеделник да ги напуштат затворите. Според информациите, затворите им ги подготвуваат досиејата на осудените лица до судовите кои им ги изрекле казните. Во понеделник целата документација треба да биде доставена до судовите.

Од Кривичниот суд велат дека се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија. До скопска единица веќе се пристигнати стотина предмети, поради што можно е судот да работи и за викендов. Од таму велат дека очекуваат околу 1.500 решенија.

Со Законот за амнестија кој се донесе на 15-ти јануари годинава целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над 3 илјади осуденици.Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он