Груевски, Јанкулоска, Јанакиески повторно ќе слушаат необјавени „бомби“ во судницата

Од:

Во кривичниот суд во Скопје треба да се одржи ново судско рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство за изборни измами и злосториничко здружување, со кодно име „Титаник“.

Од предложените 1063 „бомби“ како доказ, досега во судницата беа пуштени 115. За седум од „бомбите“, по барање на СЈО, Судот одлучи јавноста да биде исклучена со цел заштита на приватниот живот на некои од сведоците кои ги има во бомбите.

Судското рочиште за овој предмет во петокот траеше до 16.30, а судијата Осман Шабани, какопретседател на Советот, рече дека рочиштето ќе трае пократко затоа што е ден пред викенд. Адвокатите на обвинетите постојано се обидуваа со процесни приговори да го спречат пуштањето на „бомбите“, барајќи докажување на автентичноста, како и селекција на бомбите според околностите кои СЈО сака да ги докаже од тезата на обвинението.

Специјалното јавно обвинителство за овој предмет предложи 5.910 писмени докази, а предложи и 191 сведок во постапката. Во предметот првообвинет е експремиерот Никола Груевски, а заедно со него обвинети се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.

Освен нив, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во неколку изборни циклуси.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески