В недела литија во Струмица со иконата на Богородица Скоропослушница

Од:

Во спомен на пристигнувањето на копијата од чудотворната икона „Скоропослушница“, која пред една година, на 12 март беше донесена на дар во храмот на „Светите 15 Тивериополски свештеномаченици“ во Стурмица, од страна на монасите од Светогорскиот манастир Дохијар, в саботата на 10 март во храмот ќе биде отслужено бдение со почеток од 20:30 часот, соопштија од Манастирот Свети Јован Бигорски.

– Следниот ден празничната Архиерејска Литургија е предвидено да започне во 07:30 часот, по што следи свечена литија со чудотворната икона, која ќе започне во 10:00 часот од храмот и ќе се движи низ улицата „5 Ноември“, потоа преку улиците „Крушевска република“ и „Балканска“ до кружниот тек, и ќе продолжи по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие-доксологија, проследени со кратки поздравни слова, по што литијата по истиот пат ќе се врати во храмот, информираат од Манастирот Бигорски.

На крајот од соопштението се покануваат верниците да дојдат во градот на славните Тивериополски маченици и да го споделат ова духовно ликување заради благодатното присуство на Богомајката, која преку својата чудотворна икона „Скоропослушница“ ја посети Струмица и изобилно го излеа својот благослов врз оваа земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски