А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

В четврток прв состанок на работната група за ветинг во МВР

by А1он27/08/2019 - 13:19449
Share0

Обезбедување на консензус меѓу главните политички субјекти е клучниот сегмент за спроведување на ветингот во Република Северна Македонија, беше констатирано на денепната Шеста сесија на Работната група IV на тема „Ветингот како мерка за остварување на интегритет на институциите.

Добивај вести на вибер

Од дебатата произлезе и предлогот дека е неопходно да се спроведе комплетна и комплексна анализа на фактичката состојба, потребата, постапката и последиците од ветингот во областа каде тој ќе се спроведува. Експертите се согласија и дека е значајно институциите што планираат да спроведат процес на ветинг кадровски да се подготват за да ги заменат вработените кои нема да го поминат процесот на ветинг, а со цел институциите непречено да ја спроведуваат својата функционална надлежност.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска смета дека ветингот во полицијата е една алка во системот на ланецот од институции кои треба да го поминат овој процес за да постигнат задоволителни резултати.

– Проверката е збир на активности кои се насочени на преиспитување на интегритетот на поединците, а земјите кои транзитираат кон демократија и мир, често пати ги користат таквите процеси со цел да се осигураат дека насилните или некомпетентните јавни службеници ќе бидат исклучени од новиот состав на јавната служба, појасни Несторовска и додаде дека кај нас не треба да се прави само евалуација туку да се отстранат оние кои направиле неправди и прекршување на човековите права, а за тоа добиле и награда.

Несторовска информираше дека веќе в четврток на 29 август треба да се одржи првиот состанок на работната група за ветингот во МВР кој треба да го отвори министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Работната група до 1 октомври треба да подготви предлог план кој ќе се достави до Владата на усвојување.

Професорот на Факултетот за безбеднбост Трпе Стојановски предупреди дека е потребно да се преземат повеќе сериозни чекори пред да се пристапи кон ветингот.

– Потребна е искрена политичка волја за овој процес, легислатива која ќе го овозможи тоа, избор на лица кои треба да ги направат овие чекори, континуирано менаџирање на процесите на стратешко и оперативно ниво и обезбедување на институционално одржливо спроведување на проверки и одржување на интегритетот на еднократната постапка која би се однесувала на ветингот, нагласи Стојановски.

Тој рече дека неопходна е улогата и поддршката од меѓународната заедница која ќе придонесе за поголем интегритет и важноста на ветингот како процесот кој се спроведува.

Искуство сподели Андреа Јалечова од Националните безбедносни власти на Словачка која е независна државна институција за заштита на класифицирани информации, формирана во 2001 година со цел интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

-Институцијата која сака да изврши ветинг доставува барање за лицето и негова согласност за да биде подложено на ветинг, бидејќи ако лицето не е согласно не може да се направите проверка. Вториот чекор е барање на информации од институциите. Во Словачка имаме можност за полиграф, а таа процедура може да ја побара самото лице кое е подложено на ветинг, информираше Јалечова.

Информациите добиени од ветингот, појасни таа, се класифицирани и се строго чувана тајна во архивите на Националните безбедносни власти. Во Словачка ветингот го поминале обвинители, професионални војници, полицајци, вработени во министсретсвото за надворешни работи…

mvr

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 08:51

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен