Хуманитарен концерт за Момо Николовски

Од:

Во недела, на 17 февруари, со почеток во 18 часот во хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ ќе се одржи хуманитарен концерт „Узун за Момо“. Концертот е организиран од музичкото студио и естрадно училиште „Узун“, во соработка со Црвен крст на град Скопје, а влезот е бесплатен.

– Оваа година концертот го посветуваме на нашиот колега музичар Момо Николовски кому му се потребни финансиски средства од 20.000 до 25 000 евра за лекуваwе во странство. Влезот е бесплатен но во салата ќе биде изложена кутија за донација, најави Жаклина Узунова, од училиштето.

На концертот ќе учествуваат учениците и долгогодишни пријатели на училиштето, покрај Жаклина Узунова, „Уни бенд“, Кирил Узунов, Јасмина Гуњова, Горан Симевски, Кристијан Демјански, Валентина Ѓоргиевска Парго, придружувани од маестро Бранко Коловски, уметникот Живко Поповски- Цветин, а водителка, по традиција, е Катерина Стојановска-Десковска.

– Ова е покана до сите колеги од македонската естрада доколку се во можност да учествуваат на концертот а доколку некој сака да донира средства а не може да присуствува на концертот ова се телефоните за донации 143 462 ВИП и 143 123 Т-Мобиле, најавува Узунова

Музичкото студио и естрадно училиште„Узун“ секоја година организира хуманитарни концерти. Оваа традиција ја воспостави легендарниот македонски музичар Јанко Узунов кој е воедно и основач на училиштето, креатор на учебниот материјал кој во него се изучува, наставник, организатор и предводник на поранешните активности на ова училиште.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски