Утрово во Битола најзагаден воздухот

Од:

Битола, Тетово, Скопје и Кичево утрово имаат загаден воздух со концентрации на ПМ10 честичките над 180 микрограми на метар кубен. Над дозвелените се и концентрациите во Кавадарци и Кочани.

Мерната станица во Битола во девет часот утрово измери концентрации на ПМ10 честички од 397 микрограми, во Тетово 297, а во Кичево 183.

Од скопските општини најзагадено е во Гази Баба со 323 микрограми на метар кубен, потоа кај Ректоратот каде што се измерени 285 микрограми на метар кубен, во Лисиче 219, во Центар 188.

Во Карпош последните мерења се од пет часот утрово кога се измерени 85 микрограми.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов