Утринава во 02.43 часот зачука срце – успешно извршена првата трансплантација на срце од починат донор

Од:

Во 02.43 часот утринава на Клиниката за Државна кардиохирурургија заврши првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор.

Бројни статуси од медицински персонал утринава ги преплавија социјалните мрежи, со честитки за изведената тешка и ризична интервенција.

„Трансплантацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“, напиша министерот за здравство Венко Филипче утринава.

Вчера тој го придружуваше тимот од тројца кардиохирурзи под водство на Проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, Проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување, воедно и Национален координатор за трансплантација.


„Вечерва останувам на кардиохирургија во поддршка на моите колеги. Ова е голем чекор за државната кардиохирургија и за нашето јавно здравство. Ова е тешка и ризична интервенција. Верувам во стручноста и експертизата на овој тим и им посакувам многу среќа и успешна операција. Сакам лично да се заблагодарам на семејството кое ја даде согласноста, тие покажаа што значи алтруизам во вистинска смисла на зборот“, порача тој.

Утринава, специјализантот на Државната кардиохирургија Кристијан Бундовски на социјалните мрежи напиша:

„Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за државна кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо…испишаа историја! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност, победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата „Живот”! Честитки Господа!“.

Стануваше збор почината 43- годишна пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент на 53 годишна возраст, кој веќе подолго време чекал донор.

Би можело да ве интересира

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Зголемена смртност на Кардиохирургија нема, разрешен сум противзаконски – Шокаровски вели дека има хајка против Клиниката

Анита Петровска Рајковиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

A1on

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on