Утревечер нема полициски час поради Бајрам, од четврток движењето ограничено по полноќ

Од:

Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки. Веќе од четврток полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 4 часот наутро. Исклучок од посебниот режим на движење во вечерните часови ќе има само утре за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Почнувајќи од утре до 18 мај, угостителските објекти ќе работат до 23:30 часот само во отвоените делови на објектите, односно летните тераси. Исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и другите објекти за сместување за лицата кои се сместени во овие објекти.
Од утре почнуваат да работат и вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри и сали за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа.

Во градинките ќе може да се зголеми бројот на згрижени деца најмногу до 15 во воспитните групи до двегодишна возраст и до 20 деца во воспитните групи од 2-6 годишна возраст.

Со одлука на Владата престанува да важи и забраната за користење на годишни одмори и платени и неплатени отсуства за вработените во здравството. Тоа ќе се прави согласно планот на раководителот на установата, без да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа во здравствените установи.

Како дел од олабавувањето на рестриктивните мерки е и дозволата да се организираат настани и слични јавни активности согласно протоколите за работа, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.

– Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика, напоменуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Екстремно топло, продолжуваат мерките за заштита од жештините

Катерина Ѓуровски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември