Утре судење за нарачаните шамари и насилството во Центар

Од:

Утре во Судот треба да продолжи случајот „Нарачани шамари“ за Жеровски и насилство во општина Центар.

На обвинителната клупа се 14 лица, од кои првообвинет е екс премиерот Никола Груевски. Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство. Груевски е обвинет за поттикнување на насилството при протестите пред општина Центар во 2013 година.

Настанот се случи на 7 и на 10 јуни во 2013-та година, кога група така наречени верници упаднаа и ја демолираа општината, а од прислушуваните разговори, кои со одлука на Апелацискиот суд ќе бидат докази во кривичната постапка, се слуша како што кажа Заев, како Груевски на Миле Јанакиески му бара да се организира инцидент и „да му врзе 3-4 шамари“ на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

„Подготви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме… Во петок ќе му собереме 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, нели имаат право граѓани да влезат. Па да видиме, да размислиме, дали еден да стане и три – четири јаки шамари да му врзе пред сите. Не може ништо да му се направи , нема тешка телесна повреда тука за кривична, има само за прекршочна“, му вели Груевски на Јанакиески во снимениот разговор, кој го објави Заев.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“