Утре средба за африканската свинска чума, гости директорите на агенциите за ветеринарство од Бугарија и Србија

Од:

Директорите на агенциите за ветеринарство на Бугарија и Србија, професори од факултетите за ветеринарна медицина и за земјоделски науки и храна, како и одгледувачи на свињи, утре ќе одржат заедничка средба во Скопје на која главна тема ќе биде африканската свинска чума.

Како што вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев кој информира за средбата, состојбата кај нас засега е добра, болеста не е присутна, но мора да бидеме многу претпазливи.

-Утре ќе продискутираме за фактичката состојба која, генерално, кај нас е добра. Ние, сепак, имаме забелешки во однос на превентивните мерки што се преземаат. Депопулацијата на свињите не се спроведува, акцијата е прекината. Надлежените не го усвоија нашиот предлог ловот на дивите свињи да продолжи уште два месеца. Сега, практично, се оди само со зголемување на биосигурносните мерки на фармите, истакнува Шаклев за МИА.

Според него, цената на свинското жива мера не е променета. нема ниту намалување, ниту зголемување.

-Иако имаше услови за поскапување пред новогодишните празници, ние цената не ја зголемивме за да не им нанесеме дополнителен финансиски удар на граѓаните. Едноставно, не сакавме да ги оштетиме. Моментно, килограм свинско жива мера е 100 – 105 денари, нагласува претседателот на Асоцијацијата.

Според последните информации на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во земјава нема африканска чума иако појава на болеста е регистрирана во Бугарија и Србија, а од неодамна се појави и во Грција.

Би можело да ве интересира

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет

Контролите открија измами: Сирење со 1% млечна маст се продавало како производ со 20%

АХВ: Нема небезбедна бебешка храна од HiPP на македонскиот пазар

Контроли на АХВ: Казни, уништена небезбедна храна и спречен шверц на јајца

Горан Наумовски

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија