Утре средба Пендаровски-Ахмети

Од:

Партиски извори од ДУИ, за А1он велат дека претседателот Стево Пендаровски утре ќе има средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Детали за што се однесува средбата не се откриваат. Претходно средба со Пендаровски имаше претседателот на СДСМ, Зоран Заев со кого го испи претседателското кафе.

Но иако Пендаровски вети дека ќе комуницира и со опозицијата и ќе се консултира и со нив, засега нема потврда дека ќе дојде до средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ ги призна изборните резултати и присуствуваше на инаугурацијата. Дали ќе дојде до релаксирање на односите во државата и дали во тоа ќе има улога Пендаровски, ќе се види наскоро. Наредните денови се клучни за носење на Законот за Јавно обвинителство и за судбината на СЈО.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он