Утре почнува пролетта, Месечината ќе го затемни Сонцето

Од:

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува утре во 23 часот и 45 минути, а според најавите на астрономите, ќе се случи и помрачување на Сонцето.

Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и пет минути, Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17:44.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

Затемнување на Сонцето

Затемнување на Сонцето најавено за утре, во Европа ќе биде делумно, а на некои места како Фарските и Свалските острови ќе има целосно помрачување.

Затемнувањето во Скопје, според скопското Астономско друштво, ќе почне во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10:45, а ќе заврши во 11:56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.

Астрономското друштво препорачува затемнувањето да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. Заинтересираните граѓани затемнувањето ќе може да го проследат и од плоштадот „Македонија“ со телескопите на Астрономскоото друштво.

Феноменот кога месечината се спушта на сонцето последен пат беше на 4 јануари 2011 година,а  следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година.

Би можело да ве интересира

Земјата денес е најблиску до Сонцето

А1он

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он