Утре почнува есента

Од:

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува утре во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат променливо облачно и потопло време со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, особено во источните и јужните делови на Македонија. Максималната температура ќе достиге до 28 степени.

Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 секунди кога настапува зимата.

Би можело да ве интересира

Браните ја поместија оската на Земјата за повеќе од еден метар

Ротацијата на Земјата се забрзува

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он