Утре од почеток почнува судењето за масакрот кај Смилковското езеро

Од:

Утре во кривичниот суд во Скопје на обвинителна клупа повторно треба да седнат обвинетите во случајот „Монструм“. Ним од почеток ќе им се суди за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година, кај Смилковското езеро, во кое беа убиени 4 момчиња и 1 рибар.

Предметот кој почнува од почеток ќе го суди судијата Огнен Ставрев. Врховниот суд откако утврди серија пропусти во водењето на постапките, ги укина пресудите и предметот го врати од почеток по барање на Вишото јавно обвинителство.

Највисокиот суд потоа ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој што живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1.

Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, иако тие со години се на Косово.

Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција, бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази кои укажуваат на нивна вмешаност во случајот.

Сè уште не e познато кој обвинител ќе го застапува обвинението. Предметот го застапуваше обвинителката Гордана Гешкоска, заменичката на Марко Зврлевски, која тврдеше дека сè било направено законски и врз основа на докази. Новиот обвинител во предметот можно е да направи измени на обвинението.

Судијата Владимир Туфегџиќ, пак, кој ја водеше истрагата, лани изјави дека предметот му бил даден дури 20 дена по крвавиот настан. Истрагата тогаш беше по стариот Закон за кривичната постапка и барањето докази го водеше полицијата, а не обвинителот. И специјалното јавно обвинителство пред 2 години отвори предистрага за случајот „Монструм“, но досега нема информации како напредува предистражната постапка.

В. М.

Би можело да ве интересира

Осветен храмот на Смилковското Езеро

А1он

Дванаесет години од петкратното убиство кај Смилковско Eзеро

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Левица: Наместо да го екстрадира, Косово го ослободува Алил Демири за убиството на Смилковско Езеро

Единаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро, двајца од осудените уште се во бегство

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро