Кичевските села Мамудовци и Длапкиндол во текот на утрешниот ден ќе бидат без вода за пиење заради отстранување на дефект на главната водоводна цевка.
Поради овој зафат Ј.П.”Комуналец” упати известување до граѓаните кои се снабдуваат со вода за пиење од градскиот водовод на општина Кичево, дека утре во периодот од 7 до 17 часот, ќе има прекин на водоснабдувањето заради одстранување на дефектот .
“Комуналец” ги моли граѓаните за разбитање и во исто време тие ќе треба да ги обезбедат потребните количини на вода за пиење за да го поминат утрешниот ден.