Утре авионско прскање против комарци во Куманово

Од:

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре на подрачјето на градот во раните утрински часови ќе се изврши трето авионско прскање против комарци за тековната година. Од општината аплираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинсекцијата против комарци ќе се одложи за наредниот ден во утринските часови. Претходните две прскања се извршија на почетокот и крајот на јуни.

За оваа година општина Куманово одвои милион и 299.000 денари без ДДВ за три авионски прскања против комарци.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски