На 17 декември 1991 година, усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на самостојноста.
Свечениот чин беше засенет од негласањето на пратениците од албанска заедница, од ПДП и НДП. За нив Уставот веше антиалбански.
„Се будам, живеам и заспивам со идеја за промена на Уставот’“, изјави во 2000-та година, тогашниот лидер на ДПА, Арбен Џафери.
Уставот доби позитивни оценки од бадентеровата комисија, според експерите беше граѓански устав, но незадоволството кулминираше со воениот конфликт, и потпишувањето на Охридскиот договор.
На 16 ноември 2001 година, Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Охридскиот рамковен договор.
Кај албанскиот политички корпус веќе се заговара, наместо 17-ти ноември, за Ден на Уставот да се смета 13-ти август, кога се потпиша Рамковниот договор.
Македонскиот Устав има претрпено 32 амандмански промени во овие 22 години.