Уставните судии повторно гласаат за претседател

Од:

Во Уставниот суд претпладнево продолжи седницата за избор на претседател на Судот.

Вчера имаше четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, а според информациите, ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.

Според Деловникот, гласањето ќе се повторува се додека не се избере претседател, а тоа може да трае се до истекот на мандатот на актуелната претседателка Кацарска што е на 2 јуни в недела.

Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

Дискриминација на пензионерите во странство – Законот за пензиите пред Уставен

Катерина Ѓуровски