Уставниот суд поништи одредби од Колективниот договор за текстилната индустрија

Од:

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за поништување на член 84 од Колективниот договор во АД „Палтекс“ од Делчево и член 86 од Колективниот договор за текстилна индустрија на Република Македонија.

Овие одредби од колективните договори предвидуваат ако работникот самоволно без причини даде отказ без отказен рок, работодавачот поради нарушување на работниот процес и настанатата штета има право да бара обесштетување во висина од една до три месечни плати во зависност од работните задачи што ги извршува работникот.

Поништувачката одлука на Судот, значи дека одредбите од колективните договори воопшто како да не биле донесени.

Судот поведе постапка за член 29, став 2, точка 5 од Законот за трговските друштва, кој предвидува „трговско друштво не можат да основаат содружниците, управителите и членовите на органот на управување и органот на надзор на друштвата за кои согласно овој Закон е започната постапка за бришење во Централниот регистар и додека трае таа постапка и во период од три години од денот на објавата на бришењето на друштвото од веб страницата на Централниот регистар, освен основачите односно содружниците кои се меѓународни финансиски организации чија членка е РМ и чие учество во основната главнина на друштвото е под 50 отсто“.

Судиите изразија сомнеж за согласноста на оваа норма со членот 55 од Уставот на РМ и поведоа постапка зошто да бидат спречени во наредните три години да регистрираат ново друштво.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка

А1он

Пензионери се собраа пред Уставен суд: Со процентуално зголемување, ќе немаме за леб

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали сум во право или грешам за одлуката на Уставен за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Горан Наумовски