Уставниот суд планирал да го укине СЈО уште денеска

Од:

Уставниот суд за денеска координирано со распуштањето на Собранието планирал да ја стави на дневен ред точката за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, но како што се одложи распуштањето на Собранието поради буџетот, така и ова е единствена среда каде што нема расправа за ниту една точка во судот.

Според извори на А1он, и покрај убедувањата на опозицијата дека такво нешто не може да се случи, Уставниот суд по распуштање на Собранието, сепак ќе ја стави на дневен ред точката за СЈО и ќе го укине. Ова е планот направен од одредени функционери во ВМРО-ДПМНЕ кои се опфатени со истражните мерки на ова обвинителство.

Ваквата задача и е доделена на Елена Гошева, чија кариера завршува на 1. ноември, кога истекува нејзиниот тригодишен мандат како претседателка на Уставниот суд, по што таа заминува во пензија.

Тука останува отворено и прашањето кој ќе избере судија на нејзино место, кога според Уставот на Република Македонија единствено Собранието избира уставни судии.

Власта денеска преку соопшетние побара од од СДСМ уште денеска да достави барање за распуштање на Собранието, а истото веќе го поднесе и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата