Уставниот суд оспори два члена од Законот за високо образование

Од:

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за два члена од оспорените 19 членови од Законот за високо образование. Од останатите 17 членови за 14 одлучи да не поведе постапка, а за три да ја отфрли иницијативата.

Поведена е постапка за членот 70 став 2 од Законот кој се однесува на Одборот за акредитација и евалуација и се однесува на изборот на претседателот на Одборот од страна на Владата на Република Македонија која го именува од редовите на неговите членови, кој го претставува и застапува Одборот.

Причините за поведувањето на постапка се што со член 46 од Уставот на Република Македонија се гарантира автономијата на Универзитетот при што со закон може да се уредува основање и вршење и престанок на дејност на универзитет, но, законската одредба член 70 став 6 во делот во кој е поведена постапката всушност не уредува вршење на дејноста, туку се занимава со претставување и застапување на Одборот за акредитација и евалуација, при што законската одредба ја овластува Владата да го именува претседателот на тој Одбор.

Судот се сомнева дали ваквата одредба не излегува надвор од уставните овластувања на законодавецот и притоа не значи навлегување во атономија на универзитетот.
Вториот оспорен член е членот 96 став 7 кој се однесува на тоа менторот на докторскиот труд да не може да биде член на Комисијата за одбрана на докторскиот труд односно универзитетскиот професор кој води студент кандидат за стекнување научно звање доктор на науки да не може да учествува во проверка на аргументи што докторантот ќе ги изнесе при одбрана на трудот.

Поведувањето е затоа што се отвора прашањето дали законодавецот не навлегол во автономијата на Универзитетот бидејќи се занимавал со организациски прашања што е дел од организациската автономност на универзитетот, наместо да се занимава само со вршење на високообразовна дејност.

Судот денеска, меѓудругото, не повел постапка за членовите на овој закон кои се однесуваат на надворешната евалуација, за организација и работа на Одборот, а акредитација и евалуација, за финансирањето на високообразовните установи, за студиските програми, за клиничката настава… Судот смета дека тие не ја нарушуваат автономноста на универзитетот загарантирана со Уставот.

По поведувањето на постапката Судот судот ќе изготви решение кои ќе биде доставено до Собранието, а по проценка на известителот и до Владата како предлагач на Законот. Тие имаат рок од 30 дена да се изјаснат по сомневањата на Судот, по што со или без мислење одлуката ќе се најде повторно на седница на Уставниот суд, кога ќе се одлучува дали одредбите ќе останат дел од Законот.

Покрај 19-те членови за кои беше поднесена иницијатива за оценување на уставноста, оспорени беа и три подзаконски акти од кои Судот повел постапка само за една одредба од уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовна дејност и на вршење на таква дејност.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он