Уставниот суд ги отфрли иницијативите за Одлуката за уставни измени

Од:

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови ги отфрли двете иницијативи поднесени на собраниската Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија oд 19 октомври годинава.

Иницијативите, како што велат од Судот, се отфрлени бидејќи Одлуката не претставуваат пропис и не подлежи на уставно-судска оценка.

Подносители на иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката се Светскиот македонски конгрес и физичко лице од Свети Николе.

– Со одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија евидентно е флагрантното кршење на Уставот и законите на државата Македонија и на меѓународното право, велат меѓу другото од Светскиот македонски конгрес.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени