Уставен суд укина член од измените на Законот за железничкиот систем

Од:

Уставниот суд по расправата на денешната седница и по претходно поведената постапка во ноември минатата година одлучи да укине една одредба од Законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, која измена е донесена во 2012 година.

Укинат е членот 28, став 2 од измените на Законот, затоа што предвидувањето во таа одредба да се запрат постапките за издавање дозволи за вршење јавен железнички превоз за патници и стока, а кои постапки се започнати и не се завршени до влегувањето во сила на измените на овој Закон, значи дека одредбата има повратно дејство бидејќи се однесува на ситуации кои се во тек и не се завршени пред влегувањето во сила на измените на Законот. Тоа, како што велат од Судот, не е во согласност со уставната определба законите да не можат да имаат повратно дејство, односно да дејствуваат пред да се донесат, објават и влезат во сила.

Судиите расправаа и за одредба од Законот за управните спорови, донесен 2006 и дополнет 2010 и за одредба од Законот за прекршоците, донесен 2006 и дополнет 2011 година.

Во прашање е член 2 став 5 од Законот за управните спорови и член 55 од Законот за прекршоците, со кои се предвидува која материја може да биде предмет на решавање пред управното судство. Судот по расправата реши да не поведе постапка затоа што оцени дека нема нејасност во оспорените законски одредби околу тоа дали Управниот или Вишиот управен суд се надлежни за решавање на материите опфатени  во тие одредби од законите. Надлежноста на тие два суда е прецизно разработена во Законот за судовите, а овие две оспорени одредби се занимаваат само со прашањето која материја може да се решава во управен спор.

Судот денеска расправаше и за една одредба од Законот за извршување, донесен 2005 година и девет пати дополнуван досега. Во прашање е член 211 од Законот, кој се однесува на извршување наплата на парични средства врз предмети и права на Република Македонија и нејзините органи, како и над предметите и правата на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Иницијативата е отфрлена бидејќи законската одредба е оспорена од аспект на нејзината примена за што Уставниот суд не е надлежен да одлучува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов