Уставен суд поведе постапка за дел од законот за ПИО

Од:

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за дел од членот 136 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, што предвидува за обнова на постапка, откога ќе биде донесено решението на пензискиот осигуреник, да може без рок во иднина да се поведува обнова на постапка за промена на решението за пензискиот осигуреник.

Ставот на Судот е дека во правниот систем не може нешто да биде без рокови, затоа што сите постапки и во граѓанското, кривичното и управното право секогаш се со рокови.

На седницата беше поведена постапка и по иницијативата поднесена од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ за член од Одлука за комунален ред на Општина Битола, според кој меѓу другото е предвидено во едно семејно домаќинство да може да се чуваат до две кучиња. Од Судот велат дека никаде во закон не пишува дека во едно семејство може да се чуваат само две кучиња, па според тоа Одлуката излегува од рамки.

Судот започна постака и за одлуката на Советот на Општина Центар за поништување на одлуката за донесување на изменување и дополнување на ДУП за „Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал ринг“ донесена во март годинава. Оваа постапка е започната бидејќи Советот на општина Центар не може да поништува урбанистички планови донесени во легална постапка.

Би можело да ве интересира

Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд

Левица: Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти

Ахмети: Најмудрата одлука ќе биде да се отфрлат иницијативите за Законот за јазиците

Горан Наумовски

Костадиновски: Кога ќе го добијам пријателскиот совет од Венецијанската комисија веднаш ќе биде свикана подготвителната седница

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците