Уставен суд: Одлуката за задржување на висината на платите беше едногласна, Владата дава непримерни наводи

Од:

Од Уставниот суд, а по повод одлуката со која беше оценето дека сите функционери треба да ја земат целата плата, наместо минималната од 14.500 денари, поради справување со коронавирусот, велат дека одлуката била донесена едногласно и дека Владата во своето вчерашно соопштение дала непримерни и паушални наводи.

– Тоа значи дека кај сите судии во оваа фаза од постапката, нема никаква дилема дека основано може да се постави прашањето за согласноста на овие акти со низа уставни и законски одредби. По однос на ставовите на Судот за овие уредби, но и за другите уредби со законска сила за кои на вчерашната се седница се одлучи да се поведе постапка за оценување на нивната уставност и законитост, согласно Деловникот на Судот, Владата ќе има можност да даде свои правни аргументи, наместо вчерашните непримерни и паушални наводи, кои не се во согласност со владеењето на правото и се насочени против самостојноста и независноста на Судот која треба да биде почитувана од секого вклучувајќи ја и Владата, истакнува Уставниот суд во денешното соопштение.

Судот посебно реагира на оценките од владиното соопштение дека Одлуката за поведување постапна на уставноста и законитоста на „Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја“ и „директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со Ковид-19“, како и дека „Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот“.

Од Судот посочија дека судиите на Уставниот суд, во ниту еден момент од вчерашната расправа и при одлучувањето, не изгубиле предвид дека вонредната состојба е прогласена поради ширењето на коронавирусот, при што истовремено ја препознале потребата од преземање мерки за спречување на епидемијата и индиректните последици од истата.

– Притоа, неспорно е дека улогата на Владата во ваква состојба е клучна, преку нејзиното уставно овластување за донесување на уредби со законска сила. Меѓутоа, ова овластување е ограничено со Уставот и законите и уредбите со законска сила мора да бидат во овие рамки, додека Судот има уставна должност да ја штити уставноста и законитоста и во состојби како што се наоѓа сега Републиката, нагласуваат од Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито