Уставен суд ја укина одлуката за спорниот ДУП за Центар во кој влегуваат парцелите на Водно

Од:

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.

Судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој закон. Уставниот суд оцени дека не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа ЗА, како што предвидува законот.

Согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои ЗА донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против.

Уставот во својот член 110 предвидува дека прописите треба да бидат во согласност со Законите, што не е случај во конкретната ситуација. Судот оцени дека со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок а тоа е владеењето на правото.

Согласно денешната одлука на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во Службен весник.

Уставниот суд ја донесе одлуката со мнозинство гласови, односно 5 гласа а еден од судиите најави издвоено мислење.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски