Уставен поведе постапка за Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје

Од:

Уставниот суд на вчерашната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје. Иницијативата до Судот е поднесена од градоначалниката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Во оваа фаза од постапката Уставниот суд изразува сомнеж дека Одлуката е спротивна на одредби од Уставот и Законот за локална самоуправа. Според Судот, меѓу другото спорно е што стварите во општинска сопственост може да се дадат на користење по пат на јавно наддавање, а врз основа на одлука на установата и со предлог на директорот на установата, што не е во согласност со одредби од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и со Законот за локална самоуправа, се наведува во денешното соопштение од Уставниот суд.

Дополнително, Уставниот суд изгласа и запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија донесени врз основа на Одлуката, односно воведена е т.н. времена мерка која важи се до донесување на конечната одлука на Судот.

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството поради сомнеж дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот, кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување. Иницијативата е поднесена од Кренар Лога.

На вчерашната седница е поведена постапка за оценување на уставноста на Правилникот за формата и содржината на Барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето. Подносител и на оваа на иницијатива е Кренар Лога.

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 12 од Законот за адвокатура, бидејќи не најде повреда на одредбите од Уставот.

-Судот ја отфрли иницијативата во врска со наводите за оценување на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатска комора на Република Северна Македонија, бидејќи веќе одлучувал по ова прашање, односно оцени дека се исполнати условите од член 28 алинеја 2 од Деловникот на Судот за отфрлање на иницијативата, се посочува во соопштението.

Предлогот на судијата-известител Фатмир Скендер да не се поведе постапка за оспорениот Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 од 07.06.2022 година, како што е информираат од Уставен суд, не го доби потребното мнозинство, со што предметот останува отворен и понатаму.

Би можело да ве интересира

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

Уставен суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Поповска ќе бара Уставниот суд да даде оценка на уставноста и законитоста на Протоколот со Бугарија

Гаши: Не е добро Собранието да врши интерпелација на претседател на Уставен суд