Уставен оформи 11 предмети меѓу нив и предметот на новинарката Душица Мрѓа за настаните од крвавиот „27 април“

Од:

Уставниот суд го оформи предметот У.бр.11/2023 по барање на подносителката Душица Мрѓа, која наведува дека со две пресуди на Основниот граѓански суд и Апелациониот суд Скопје е пропуштено да се утврди повреда на правото на слободно изразување како новинарка од Телевизија 24 на 27 април 2017 година во Собранието на Република Северна Македонија.

„За подносителката е спорно што во пресудата Апелациониот суд прифатил дека не била доведена во прашање слободата на изразување за настаните, бидејќи таа слобода ја реализирала во дебатни емисии во наредните денови, но не е разјаснето дали таа имала можност да ја реалзира слободата критичниот ден. Во барањето се спори наведеното од пресудите а тоа е дека нема повреда на правото на слободата на изразување бидејќи терористички акти се забранети на секое место во државата, вклучително и Собранието, па така можело да се случи и на улица или било каде, а државата е должна да се справи со истите и пред се да ги заштити граѓаните од смрт, повредување и оштетување или уништување на имот и фактот што во Собранието влегле лица кои не требало да се таму, според судот не ги дерогира законите, ниту значи дека на тужителката и било оневозможено слободното изразување. Предметот е во почетна фаза, односно претходна постапка и тим од советник и судија работат на него. Кога ќе биде подготвен рефератот со конкретен предлог ќе биде ставен на седница на која ќе се дискутира по наводите. Подносителка на барањето: Душица Мрѓа преку адвокат Филип Медарски“ велат од Уставниот суд.

Во текот на јануари 2023 година до Уставниот суд се оформени 11 нови предмети по претходно поднесени 9 иницијативи за заштита на уставност и законитост и две барања за заштита на слободите и правата. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе го оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

Ивана Талевска Трендафилова, адвокатка од Скопје, поднела иницијатива со која оспорува, решение на Основен граѓански Суд Скопје и решение на Апелациониот Суд Скопје.

– Подносителката ги наведува двете решенија од Основниот граѓански и Апелациониот суд Скопје како спорни и спротивни на членот 137 став 1 и 2 од Законот за парнична постапка кој предвидува дека тужба, платен налог, вонреден правен лек, пресуда, решение, донесено во постапка поради смеќавање на владение, како и решение против кое е дозволена посебна жалба, ќе се достават лично до странката која е физичко лице, односно до нејзиниот законски застапник, полномошник. Во иницијативата се наведува конкретна ситуација има два обида да се изврши уредна достава и ова е констатирано во првостепената пресуда, додека во пресудата од Апелација е утврдена сосема друга фактичка состојба, а е потврдено првостепеното решение, се вели во наводите од иницијативата, информираат од Уставен суд.

Александар Ристески, адвокат од Скопје, поднел иницијативата со која ги оспорува членовите 12 став 1 алинеја 3, став 2 во делот „претставници на Собранието на АКРСМ”, член 14 ставови 2, 3, 4, 5 и 6, член 15 став 2 во делот „повеќе од ⅓ од претставниците на Собранието”, член 17, член 36 во делот „од вкупниот број претставници” од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија.

-Oспорените одредби го регулираат начинот на конституирање на Собранието на АКРСМ кои предвидуваат делегатски систем на избор, односно конституирање на Собранието на АКРСМ кои според подносителот се посредни и недемократски, бидејќи Адвокатската комора согласно Законот за адвокатурата претставува своевиден специфичен облик на еснафско здружение и како такво мора да функционира. Подносителот наведува дека иако со Устав, во членот 53 адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања, тоа не значи можност за регулирање на внатрешните односи во комората, вклучувајќи ги и статутарните одредби. Се наведува дека во сите облици на здружување на граѓаните или сите членови на здружението треба да бидат членови на Собранието или членовите/пратениците во Собранието на здружението треба да се бираат непосредно на демократски избори со тајно гласање и во гласачки кутии и секој друг начин на конституирање на претставничките органи е недемократски и неуставен бидејќи гласањето не е тајно, се недвува во иницијативата.

Младен Трајков, ја оспорува одлука со која се утврдува нивото на гравитирање на јавните паркиралишта, катни гаражи и јавни површини наменети за паркирање на привилигирани категории корисници, јуни 2022 година од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг-Скопје

-Подносителот наведува дека оспорената Одлука е незаконита и е во спортивност со надлежностите и овластувањата на ЈП Градски паркинг Скопје, бидејќи се овозможува на новоизградените згради да го узурпираат просторот кој според него припаѓа на жителите од неколку згради кои има

Би можело да ве интересира

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици ќе биде одржана од 19 до 21 март

Горан Наумовски

Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд

Левица: Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти

Ахмети: Најмудрата одлука ќе биде да се отфрлат иницијативите за Законот за јазиците

Горан Наумовски

Костадиновски: Кога ќе го добијам пријателскиот совет од Венецијанската комисија веднаш ќе биде свикана подготвителната седница

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски