А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Уставен одлучи: Функцијата вицепремиер е фиктивна, помала плата за потпретседателите на Влада

by А1он13/03/2018 - 10:2513/03/2018 - 12:19282
Share0

Уставниот суд донесе одлука за укинување на членот 14 во делот „потпретседатели на Влада“ од Законот за плата и надоместоци, што би значело намалување на платата на потпретседателите во Владата. Уставниот суд смета дека функцијата вицепремиер е фиктивна, па со оглед на тоа постоечкиот коефициент за плата на петте потпретседатели Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика ќе им биде укинат односно намален.

Добивај вести на вибер

– Со членот 14 од Законот за плата и други надоместоци, се определува коефициент за плата на потпретседател на Владата што е јавна функција која не постои во правниот поредок на Република Македонија, поради што Судот оцени дека ваквата законска регулатива е нејасна и неприменлива и не е во согласност со владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, стои во одлуката на Уставниот суд.

Ваквата одлука произлегува од иницијативата на политичката партија Левица која во декември минатата година поднесе барање за оценување на уставноста на членот 14 од Законот за плати и надоместоци.

-Правниот тим на Левица, со усвоената иницијатива од страна на Уставниот суд, успеа да го укине коефициентот за плати на непостоечката функција вицепремиер, следната наша цел е апанажата на јавните функционери, вели Димитар Апасиев од Левица.

Виктор Јованов

levicaustaven sud

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он30/03/2026 - 17:4330/03/2026 - 17:47

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Горан Наумовски30/03/2026 - 09:26

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он28/03/2026 - 10:28

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:0127/03/2026 - 09:43

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Горан Наумовски26/03/2026 - 17:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто