Уставен не поведе постапка за ПИ мерките од Законот за следење на комуникациите

Од:

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативата поднесена на членот 17 од Законот за следење на комуникациите, што лани беше донесен од Собранието.

Оспорената законска одредба се однесува на спроведување посебна истражна мерка со посебни технички уреди и опрема. Во членот пишува дека посебната истражна мерка може да се спроведе со помош на посебни технички уреди и опрема, што овозможуваат спроведување на мерката без посредство на ОТА и операторите.

Во членот 17 од Законот за следење на комуникациите стои дека по добивање на судската наредба во која за спроведување на посебната истражна мерка се определени техничките уреди и опрема, овластеното лице од правосудната полиција, приложувајќи ја наредбата, ги презема техничките уреди и опремата од Основното јавно обвинителство и по завршување на времетраењето на спроведувањето на посебната истражна мерка веднаш ги враќа во Обвинителството.

Судот оцени дека постапката на снимање на комуникациите е во содејство со постапки регулирани и со другите закони, како што е Законот за кривична постапка, па поради тоа нема можност уставно да се проблематизира.

Подносител на иницијативата е физичко лице од Скопје, кое го оспорува целиот член 17 од Законот за следење на комуникациите од аспект на заштита на човековите права, бидејќи смета дека одредбата не е прецизно регулирана и остава простор за сомнеж.

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат