Успешно вграден стимулатор на нервот вагус кај 36-годишна пациентка

Од:

Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за неврохирургија, заедно со тим лекари од Клиниката за неврологија, кај 36-годишна пациентка беше успешно вгарден стимулатор на нервот вагус.

– Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот, кој апарат го стимулира вагусниот нерв и тој ја намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден, известува Министерството за здравство.

Електростимулаторот безжично се подесува во зависност од пациентот.

Операцијата денеска ја изведоа министерот за здравство неврохирург д-р Венко Филипче, д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија,каде оваа метода е веќе позната, неврохирургот д-р Владимир Рендевски директор на Клиниката во Скопје.

Од Клиниката за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, со поддршка на директорот на Клиниката д-р Иван Барбов, известува МЗ.

Оваа хируршка интервенција денеска ќе се изврши кај уште тројца пациенти, а во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија.

Министерството за здравство заедно со ФЗО на РСМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија. Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство.

Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство