Успешно реализирана акција „садница плус“ во Куманово

Од:

Учениците од кумановските основни училишта и градинката „Ангел Шајче“ денеска садеа ели во рамките на 19-тата акција на „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и шестата акција „Садница плус“, соопштија денеска одговорните од секторот за образование од општина Куманово.

Како што информираше Наташа Крушиќ од секторот, семките од ела претходно се распределени на градинките и училиштата, а децата со помош на наставнците ги засадиле на првиот час. Семето од ела за оваа акција е собрано во Националниот парк „Пелистер“.

Одговорниот воспитувач од објектот „Развигорче“ од Куманово Јадранка Петрушевска, информира дека ацијата има за цел да ја подигне на повисоко ниво еколошката свеста кај најмладите за зачувување на животната средина уште од најрана возраст.

– Децата засадија семчиња од ела, а имаме и радосници во кои го бележиме растот на садниците, со што децата конкретно ќе имаат можност да ги следат промените кај садниците, изјави Петрушевска.

Акцијата има едукативен карактер и има за цел да ги едуцира учениците колку е важно и истовремено колку е тешко да се одгледа садница, да се почитува природата и да се штити животната средина.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе