Условна казна за газдите на депонијата во Визбегово кои нападнаа новинарска екипа

Од:

Александар Николчев и Маја Караманова, сопствениците на депонијата во скопско Визбегово која пред две недели беше зафатена со пожар се изјаснија за виновни, ги прифатија обвиненијата во целост, и се согласија со сите проценки и правни квалификации дадени од Обвинителството за нивните постапки на 9 јули.

Тие јавно и лично им се извинија на оштетените – новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредин и добија само условна затворска казна.

Маја Караманова и Александар Николчев се прогласени за виновни и им се изрекуваат условни казни затвор во траење од три години, односно алтернативна казна условна казна со наредба за надзор од страна на пробациската служба во траење од 1 година и три месеци. Осудените се должни да ги почитуваат мерките, во спротивно условната казна се спроведува како правосилна казна. Судот одлучи да не испрати ниту еден од обвинетите во затвор иако тие имале криминално досие. Според судот, оваа мерка служи како предупредување до обвинетите отсега па натаму да бидат свесни за важноста на медиумите и слободата на говорот. Адвокатот на екипата на Алсат М рече дека оваа одлука ги учи другите напаѓачи да не ги повторуваат ваквите дела“ соопштија од Кривичниот суд.

Од таму велат дека Обвинителството ја разгледува можноста за жалба на одлуката до Апелациониот суд. Обвинителството не се спротивстави на укинување на наредбата за притвор за ниту еден од осудените. Судот ги упати оштетените страни да продолжат со граѓанска постапка за надомест на материјална и нематеријална штета, по добивањето на конечната одлука“.

Би можело да ве интересира

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Поднесено обвинение за насилство врз телевизиска екипа

Предраг Петровиќ

Парична казна од 9.500 евра за фирмата „Еко Ливинг“ за пожарот на депонијата во Тетово

ЗНМ: Нападнати новинари, повреден снимател од АЛСАТ, бараме итна реакција од МВР

Жител на скопско со нож нападнал полицајци

Жарко Настоски

Девојка од Боговиње пријавила напад, приведени три лица