Уште три лица хоспитализирани на Инфективната клиника

Од:

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќање… Тие заедно со четворицата кои без хоспитализирани со истите симптоми на Клиниката се со полесна клиничка слика и не се во животно заргозувачка состојба, изјави денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.

Во меѓувреме се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.

Чакаровски рече дека направени се испитувања во Македонија и се чекаат резултатите од странските центри.

– Екипите вчера не успеаја да се качат до бачилото, бидејќи тоа е непристапен терен. Денес обезбедивме теренско возило. Нашите екипи се на терен, посочи Чакаровски.

Тој рече дека пуштени се мостри и во референтни центри и кога ќе ги соединат двата резултата ќе излезат во јавноста.

– Комисијата за заразни болести заседава постојано. Се надевам дека до крајот на денот, најдоцна до утре јавноста ќе добие конкретна информација за сите настани со дефинирани резултати за причинителите, додаде Чакаровски.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“