Уште едно македонско возило оштетено во Грција, вкупно 63

Од:

Македонската гранична полиција евидентираше нов случај на оштетување возило пријавен од македонски државјанин кој престојувал во Грција, со што бројот на вакви инциденти летово се искачи на 63.

На граничниот премин „Богородица“ вчера С.А. од Скопје, кој управувал со патничко моторно возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во местото Сани Бич му биле прикриени ознаките МК со црвен спреј. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција биле регистрирани вкупно 63 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички.

Како што информираат од МВР, 36 случаи на оштетување возила биле пријавени и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба на регистарски таблички или оштетување на моторно возило и натаму предничи и изнесува 34, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

Би можело да ве интересира

Хеликоптер се урна во предградието на Атина

Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра во Грција

Горан Наумовски

Трагедија на островот Кос: Загина жена, албански државјанин, нејзиниот сопруг е во критична состојба

Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трагедија во Грција: Се удави 30-годишно момче кое требаше да се ожени за 20 дена

Силен земјотрес ја погоди Грција

Горан Наумовски