Уште едно име во трката за собирање потписи: Гоце Ристов сака да биде претседател, иницијативата ја поднел вчера

Од:

До Државната изборна комисија вчера стигнала уште една иницијатива за собирање потписи – Гоце Ристов како 14 кандидат ќе се обиде за три дена да собере 10.000 потписи за претседателските избори.

На последниот пресек може да се види дека е на исто рамниште со Томе Николоски, единствениот кандидат кој има нула потписи.

„Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, објави вчера ДИК.

Ристов е единствениот кандидат за кого нема информации од каде доаѓа и зошто одлучил да почне да се вклучи во трката, бидејќи собирањето потписи завршува в петок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини