Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Од:

Поднесено ново обвинение за претседателскиот кандидат и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски е повикан во судот за кривично дело „Неизвршување на судска одлука“. Засега не е познато кој му поднел кривична пријава, според поканата обвинителството отворило постапка со број од 2024 година, а на разговор треба да се јави на 15 април кога во ек е претседателската кампања.

Фотографија од поканата објави самиот Димитриевски на социјалните мрежи, под која наведе дека притисоците продолжуваат но тоа нема да го обесхрабри.

-Притисоците не престануваат туку како и што очекував се интензивираат. Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем, објави Димитриевски.

Согласно поканата Димитриевски е обвинет по член 377 став 4 во врска со став 2 од Кривичниот закон, а во него се вели:

„Неизвршување на судска одлука Член 377

(1) Службено или одговорно лице кое нема да постапи по правосилна одлука на суд со која е одлучено за враќање на работник на работа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(3) Ќе се казни со затвор од една до пет години службено или одговорно лице кое ќе одбие да изврши одлука на Уставниот суд на Република Македонија што е должно да ја изврши.

(4) Ако со делото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член се предизвикало потешка повреда на правата на друг или значителна имотна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години“.

Ова е второ обвинение за кумановскиот градоначалник по обвинението за злоупотреба на службена положба и овластување поднесено од две правни лица, а случајот се однесува за изградба на станбени единици. Подносителите тврдат дека се оштетени за околу 2 милиони евра, додека Димитриевски смета дека случајот е монтиран, во пресрет на изборите.

Првото рочиште беше одржано на почетокот на месецов, а наредното рочиште за тој судски случај е закажано за 30-ти април.

Би можело да ве интересира

Димитреивски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател

Горан Наумовски

Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција, никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти

Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп

Горан Наумовски

Максим Димитриевски: Пендаровски, разликата е огромна, откажи се и остави не да победиме во вториот круг

Анита Петровска Рајковиќ

Димитриевски: Водевме нерамноправна битка, граѓаните препознаваат

Катерина Ѓуровски

Димитриевски денеска од Радовиш порача: Зелените од Европскиот фронт со скандирањето на УЧК во Скопје излегоа од јагнешките кожи и се прикажаа во вистинското светло

Предраг Петровиќ