Уште три земјотреси, вкупно единаесет во последните 24 часа во охридскиот регион

Од:

Вечерва беа регистрирани три нови земјотрески во охридскиот регион, со што бројката на потреси во овој регион во последните 24 часа достигна 11.

Првиот беше на неколку миниту пред 20 со јачина од 2,3 степени, а во 20 часот и 20 минути бил регистриран вториот со јачина од 2,6 степени. Третиот следуваше во 20 часот и 52 минути и бил со јачина од 3,3 степени.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на 9 километри од Охрид и на длабочина од 2 километри, додека вториот бил на 9 километри од Ресен исто така на длабочина од 2 километри, а третиот бил на 6 километри од Охрид на длабочина од 6 километри.

Претходно беа почувствувани потреси во 15:36 и 15:45 часот со јачина по Рихтерова локална магнитуда од 2,6 односно 2,3 степени,

Умерен земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала и претходно го потресе Охридското сеизмичко подрачје, во 13:29 часот, со епицентар десет километри североисточно од Охрид.

Потресите не предизвикаа никакви материјални штети, но дополнително ги вознемирија жителите на Охрид, Ресен и околните населени места, кои веќе неколку дена се сведоци на тресење на тлото.

Само во текот на изминатата ноќ беа регистрирани два умерени потреси во охридско-ресенскиот епицентрален регион, во 2:02 и во 11:52 часот. Потреси беа регистрирани и претходните денови, чии епицентри беа лоцирани на половина пат меѓу Охрид и Ресен, поточно во непосредна близина на превојот Буково, додека епицентарот на еден земјотрес од пред два дена беше лоциран во близина на струшкото село Делогожда.

Експертите по сеизмологија оценуваат дека се работи за редистрибуција на напрегање на силите за сеизмички активно подрачје. Истовремено тие уверуваат дека не треба да се очекуваат да се случат земјотреси со поголема магнитуда, оттаму што со секој изминат земјотрес се губи потенцијалот за поголем потрес.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Три земјотреси ги погодија Северните Курилски Острови

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала во близина на Камчатка

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Силен земјотрес во Киргистан