Уште еден американски конгресмен во групата за Македонија

Од:

Конгресменот Марлин Статзман, републиканец од Индијана, е најновиот член на конгресната група пријатели на Македонија, објави Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Тој го претставува третото гласачко тело на Индијана и е втор конгресмен од оваа соединета држава кој и се приклучил на македонската кауза, известува Обединетата македонска дијаспора.

Конгресменот Статзман, избран за Конгресот во 2010, е член на финансискиот комитет на Конгрес и предводник на Републиканците од Индијана во Претставничкиот дом. Конгресменот Статзман е член на поткомисијата за финансиски институции и потрошувачки кредити, како и на поткомисијата за монетарна политика и трговија. Пред да биде избран за Конгресот, Статзман служел во претставничкиот дом (2002-2008) и државниот сенат (2008-2010) на Индијана.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД стана партнер на Бирото за попис на САД во тековниот попис на населението

А1он

ОМД бара одложување на изборите поради коронавирусот

Ана Ололовска