Уште две македонски возила оштетени во Грција

Од:

Уште два нови случаи на оштетувања на возила, беа пријавени од македонски државјани кои престојувале во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 45 случаи.

Во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин „Богородица“, В.И. од Скопје, кој управувал патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Врасна, со спреј комплет му биле прикриени двете ознаки МК, а му била повлечена и црвена линија од багажникот до предниот лев фар. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.

Во вториот случај, на Граничниот премин „Богородица“, П.Ј. од Скопје, кој управувал патничко возило „Цитроен“, со штипски регистерски ознаки, пријавил дека на Халкидики, со спреј му биле испрскани ознаките МК на двете таблички. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.

Со овие два новорегистрирани случаи, односно три во текот на викендов, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 45 оштетувања на возила и одземања на таблички.

Од 45-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 10 случаи.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број случаи, 27 се пријавени од македонските државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Дваесет и двајца од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски