Уште четворица сомнителни на индискиот сој на коронавирусот во Македонија, еден е на респиратор

Од:

Во земјава вчера бил регистрирано уште едно лице заразено со индискиот сој на коронавирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Пациентот се лекува во Велес и има полесна клиничка слика.

Во меѓувреме, се чекаат резултати за уште четворица пациенти кои се сомнителни на индискиот сој на коронавирусот и тие се лекуваат во Скопје. Еден од нив, како што рече Филипче, има потешка клиничка форма и е поставен на респираторна машина, додека останатите се стабилни.

Овие пациенти, како што кажа министерот за здравство, не се поврзани еден со друг и не биле вакцинирани.

„Скринингот кој се прави на тестовите во ИЈЗ и во МАНУ ја исклучува британската варијанта, што значи дека секаде каде што ќе се покаже дека не е британската варијанта, се прави секвенционционирање на индискиот сој. До денеска вечер ќе ги имаме резултатите за останатите четворица пациенти“, рече Филипче.

Доколку се потврди дека овие четворица пациенти се позитивни, во државава би имале осуммина заразени од индискиот сој, со оглед на тоа што претходно имаше евидентирани три лица.

Филипче вели дека во согласност со резултатите на четворицата сомнителни пациенти ќе се одржат средби за евентуално преземање мерки, а рече дека се уште е рано да се каже дали влезот на индискиот сој во земјава би го нарушил стартот на учебната година.

Индискиот сој на коронавирусот досега е евидентиран во повеќе од 100 држави.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on