УСАИД: Преку едукација и забава до повисока свест за климатските промени

Од:

Климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување. Затоа, секој, преку индивидуални напори, може да придонесе за намалување на глобалните закани од овие појави, а со тоа и да им помогне на локалните заедници.

Ова е пораката од кампањата на УСАИД за подигнувањето на јавната свест за климатските промени што продолжи денеска со настан во Богданци. Кампањата сопод мотото „Климата се менува, од нас зависи”, е дел од Проектот за општински стратегии за климатските промени.

– Иако сите се добредојдени, кампањата која се реализира пет викенди, таргетира млади луѓе на возраст меѓу 10 и 17 години во десетте општини каде што се спроведува Проектот на УСАИД: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце, информираат реализаторите на Проектот Милиеуконтакт Македонија.

Кампањата ќе трае до 14-ти ноември, а минатиот викенд се одржа во Пехчево, Делчево и Виница. Следните петок и сабота, на 6-ти и 7 ноември, продолжува во Кривогаштани и Прилеп.

Активностите се спроведуваат преку комбинирање едукација и забава што ги поттикнува младите да преземат активна улога во лекциите и игрите поврзани со темата на климатските промени. Кампањата има и т.н. зелен камион – уникатна еколошка училница на тркала.

Би можело да ве интересира

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Трамп: Украдени се милијарди долари од УСАИД

Бил Гејтс бара УСАИД да продолжи со својата работа

Трамп одлучи: Згаснува УСАИД

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

ВИДЕО: „Криминалци“ и „радикални левичарски лудаци“ велат Маск и Трамп за УСАИД, демократите на протест