УСАИД и МТСП ќе ги предводат напорите за развојот на работната сила во Македонија

Од:

Денеска во Скопје се одржа состанок за координирање и вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија. Состанокот беше организиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Министерството за труд и Социјална Политика, а присутни беа и други владини агенции, организации и донаторски проекти.

„Заедничките напори се главен фактор за успех во секоја развојна политика вклучувајќи ја и оваа. Резултатите од напорите на МТСП може да бидат дополнително засилени преку соработка со сите овие организации кои го имаат истото поле на интерес. Денешниот состанок ќе овозможи да согледаме до кој степен сме навлезени во решавањето на проблемот и да ги координираме понатамошните напори”, објасни министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Како дел од главните точки на состанокот, организациите за поддршка на бизнисите ги презентираа своите активности кои ги превземаат или планираат да ги превземат во полето на развој на работна сила. Како грантисти на Проектот, бизнис асоцијациите и кластерите образложија кои активности планираат да ги превземат со цел да имаат поквалификуван кадар во секторите во кои оперираат, додека пак владините агенции и другите донаторски проекти ги презентираат своите програми за развој на вештини. Преку образложување активностите кои ќе се превземаат во ова поле, сите актери ќе ги координираат своите напори со цел да ги максимизираат резултатите и да обезбедат меѓусебна долгорочна соработка во нивното работење.

„Зголемувањето на вработливоста на македонскиот кадар е макроекономски проблем кој не може долгорочно да се реши без соработка од поголем број на засегнати индустрии, институции и организации. Затоа, заедно со Министерството за труд, го одржуваме овој координативен состанок каде што сите засегнати чинители ќе можат меѓусебно да ги надополнат и усогласат своите програми“, изјави Татјана Марковска, проектен менаџер во канцеларијата на УСАИД во Македонија.

Ова ќе биде прв од серија на координативни работни средби на тема развој на работна сила преку кој чинителите во полето ќе соработуваат со цел ефикасно делување врз решавањето на проблемите со ниската вработливост во Македонија.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе ја зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку подобрување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски за да поттикне значителен пораст на продуктивноста и вработувањата во ММСП. Проектот има три општи и заемно поврзани цели: 1) Подобрување на деловните услуги, 2) Подобрување на пристапот до финансии за ММСП, и 3) Поттикнување на инвестиции од приватниот сектор за локален економски развој.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор