Уреден Дневниот центар на „Порака наша“ во Куманово преку проект на ЕВН Македонија

Од:

ЕВН Македонија од денеска почна со реализација на проектот „ЕВН волонтира“. Проектот стартуваше во Куманово со уредување на просторот во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака наша“.

– Денеска започнуваме со еден проект кој го нарекуваме корпоративно волонтирање во ЕВН и практично со ова ја отпочнуваме новата генерација мерки за корпоративна општествена одговорност. Она што сакаме да ги научиме нашите вработени е дека овие мерки за општествена одговорност не се ограничени само во рамки на нашата компанија. За општествена одговорност е потребно да се имаат средства, но многу активности можат да бидат направени со човечки ресурси, а не само со имање на големи средства на располагање, изјави Штефан Петер, претседател на УО на ЕВН Македонија

Тој истакна дека спроектот ќе трае најмалку половина година и оти во наредниот период ќе се реализираат бројни акции за волонтирање.

Надлежните од „Порака Наша“ го поздравија овој проект и ги поканија и останатите компании да го следат примерот на ЕВН.

– Имаме одлична соработка со бизнис заедница, со чија помош опстојува дневниот центар, оваа активност на ЕВН е добредојдена за „Порака Наша“. Големите компании треба да реализираат општествено одговорни проекти наменети за ранливите категории, изјави Фросина Симоновска, дефектолог во „Порака Наша“.

Проектот во Куманово се спроведува во соработка со организацијата „Конект“.

Според најавите, на одговорните од ЕВН, проектот волонтирање продолжува во Струмица.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане